Папандреу вчера во Атина на средби со Ципрас и Коѕијас, денес во Сунио со Димитров
Aктуелниот и поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас и Јоргос Папандреу на нивната вчерашна речиси 1,5-часовна средба во премиерската палата разговарале,меѓудругото, и за преговорите за името.
Претседателот на социјалистичката интернационала и на грчкото движење на демократските социјалисти, потоа замина во грчкото МНР на разговори со Никос Коѕијас, додека пак како што вчера објави МИА, за денес е закажана средба со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.
Во Сунио, во попладневните часови, ќе се одржи средбата, која ја потврди самиот Папандреу за дописничката на МИА од Атина, веднаш по средбата со Ципрас.
Поранешниот премиер рече дека како претседател на социјалистичката интернационала остварува контакти во странство и затоа потребна е информираност.
- Ако постои можност земјата да има успеси, да oди напред, потребно е да постои колку е можно поголем нaциoнaлен консензус и национална линија. И сите имаме должност дa му служиме на тоа, рече Пaпaндреу по средбата со Ципрaс и додаде дека надворешната политика особено вo критични мoменти зa Грцијa бaрa будност, oдгoвoрнoст и чисти глaсoви.
Грчкиот премиер, на официјалниот Твитер профил, ја коментираше средбата со Папандреу.
- Го информирав Папандреу за актуелните случувања во грчко-турските односи, кипарското прашање, како и за преговорите за македонското прашање, напиша Ципрас на Твитер, веднаш по средбата со Папандреу и порача дека вратата на премиерската палата е отворена за сите оние што од него бараат суштинско информирање за грчките национални прашања.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска