-->
-->
Пападопулу: Позицијата на Независни Грци против „Македонија“ во името е јасна и не се менува
-->
- Независни Грци не отстапуваат од нивната позиција против употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја. Ова, уште еднаш го повтори Мадалена Пападопулу, портпаролката на помалиот коалициски партнер во грчката Влада, говорејќи за грчката телевизија Скај.-Ние како Независни Грци не се согласуваме со било кое име што ќе го содржи терминот „Македонија“ или изведени зборови. Тоа е позицијата на Независни Грци изразена уште од првиот ден. Оваа позиција е јасна е и не се менува, рече Пападопулу.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, портпаролката на Независни Грци, рече дека уставните промени и иредентизмот се главните точки во преговорите, додека пак запрашана за тоа дали според неа ќе се постигне договор и ќе стигне во грчкиот Парламент, Пападопулу вели дека не ѝ изгледа дека е лесно за „Скопје да го прифати она што го бара грчката страна“.
-Сите прашања се на маса. Прво и главно е прашањето со иредентизмот и промените на Уставот. Скопје е повикано да види како може да управува со тоа прашање. Велам дека ова е особено тешко да помине кај малцинствата во државата на Скопје. Ставот и позицијата на Независни Грци се јасно формулирани уште од прв момент, во споредба со позициите на другите партии од опозицијата, објасни Пападопулу.
Портпаролката на Независни Грци, објасни дека со изјавата на Алексис Ципрас за Горна Македонија, во одговорот на дописничката на МИА од Брисел, на прес конференцијата во петокот, грчкиот премиер дал еден пример, а не конкретен предлог.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
