Пановска Ставридис: Да се зголеми бројот на дарители на коскена срцевина

Неопходно е да се зголеми бројот на дарители на коскена срцевина, чиј број во државава изнесува 3.500 до 4.000, а во регистарот стои дека само 1.500 се типизирани. Доброволните дарители треба да одат на Одделот за имунологија и можат да дадат една епрувета крв, за две недели ќе им се регенерира целата количина крв што ја дале, а на некого ќе му спасат живот. Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување ветија дека ќе дадат средства за типизации.
Ова денеска го истакна директорката на Универзитетската клиника за хематологија, Ирина Пановска Ставридис на средбата со новинарите, која појасни дека според бројот на жители во државата, би требало во регистарот да има од 20.000 до 50.000 дарители.
Посочи дека расте инциденцата на малигни хематолошки пациенти, а минатата година се регистрирани 70 акутни леукемии. Според неа, како и во светски рамки се очекува и натаму да расте нивниот број.
– Клетките се орган што ни го праќа Европа, па дури и во Америка праќаме органи и ни праќаат органи. Нас не препознаваат како центар и тоа е систем кој функционира. Клиниката за хематологија во јануари потпиша меморандум за соработка со Клиниката за детски болести со што почнавме со изведување алогени трансплантации и несродни трансплантации кај деца постари од три години. Истиот месец успешно беше изведена првата несродна трансплантација кај 13-годишно дете со апластична анемија. Годинава изведовме и три полуидентични трансплантации, додаде Ставридис.
Ново на Сител
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
