-->
-->
Панов: Земјоделците ќе бидат обесштетени за измрзнатите насади
-->

Владата на Република Македонија застана зад сите граѓани на Тиквешијата претежно лозари, кои минатиот викенд доживеаја елементарна непогода, при што земјоделските култури им измрзнаа и до сто проценти. Ова денеска на прес-конференција го изјави кавадаречкиот градоначалник Александар Панов, кој најави обесштетување за сите кои претрпеа штети.
- Деновиве имаме неколку комисии во мешовит состав кои ќе ја утврдат штетата. Потоа ќе следи одредување на процентот на штети и висината на надоместот кој треба да го добијат засегнатите, соопшти градоначалникот.
Тој информираше околу документацијата која треба да ја обезбедат земјоделците, за да можат да добијат обесштетување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат
-

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа
-

Трамп: Гренланд ни треба за националната безбедност, НАТО да преземе водечка улога во тој процес
-

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите
-

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме
-

84-годишник со закана изнудил 5000 евра од негова роднина, па прекинал комуникации со неа
-

76-годишен тетовец починал откако избил пожар во неговиот стан
-

Димитриеска-Кочоска: Не се размислува за укинување на „Мој ДДВ“, исплата на солидарниот данок од март
