Панов: Гоце Делчев припаѓа на македонскиот народ и поврзан е со нашиот генетски код
Историчарот Митко Панов вечерва во Тема на денот на Сител изјави дека Гоце Делчев припаѓа на македонскиот народ и дека е поврзан со нашиот генетски код.
-Ако го остраниме, нема да постоиме повеќе. До таму е дојдена работата. Мораме како научници и историчари од Македонија да им испратиме пораки на нашите колеги од Бугарија да излезат од тие окови и граници од Санстефанска Бугарија. Гоце Делчев припаѓа на македонскиот народ и поврзан е со нашиот генетски код, вели Панов.
Тој исто така рече дека тешко е да се дефинира Гоце Делчев.
-Тој е вечно неоткриениот за Македонците. Блаже Конески за него рекол дека „тој извира низ интимната ткаеност на македонскиот човек“. Кога ќе ги споредиме неговите поеми, ќе го видиме историскиот континуитет. Како што вели Конески, Делчев е македонскиот син, син на сите, кој што станува легенда. Народот го опевал во песните. Тоа е генерациски завет за сите идни поколенија, рече Панов во Дневникот на ТВ Сител по повод 119 години од смртта на најголемиот македонски револуционер, вели Панов.
Ново на Сител
-
СДСМ: Власта да не го игнорира загадувањето
-
Грипот и респираторниот синцицијален вирус ја наполнија клиниката “Козле” со болни деца
-
Граѓаните на Шуто Оризари се решени ѓубрето од дома да го однесат пред Град Скопје, вели Османовска
-
Нема откуп на годишната реколта на ориз, министерот смирува, ќе се откупува за стокови резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
ДУИ за видеото на Ахмети во униформа на УЧК - Тоа е неговата биографија
-
Тошковски за видеото на Ахмети - Неуспешен обид за дефокусирање од криминалите