Свет
22. October 2018 - 11:27

Паника во Мексико: Се засили ураганот Вилја, во вторник ќе достигне четврта категорија

Новоформираниот ураган „Вилја“ доби на сила во близина на пацифичкиот брег на Мексико и моментално достигна трета категорија, а американскиот Национален центар за урагани предвидува дека централните делови на Мексико ќе ги погоди во вторник.

Американскиот Национален центар за урагани прогнозира и дека „Вилја“ ќе достигне статус четврта категорија пред да го погоди копното, пренесоа агенциите.

Ураганот го следат ветрови кои дивеат со брзија и до 185 километри на час.

„Вилја“ би можел да стане голем ураган до понеделник наутро, а на брегот би можел да му се приближи до вторник вечер.

Во меѓувреме, тропската бура „Висенте“ ослабе движејќи се кон југ, а метеролозите предвидуваат дека би можел да се приближи до централнопацифичкиот брег во вторник вечер.