Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри

По серијата земјотреси во Санторини, морето во Измир и многу други места долж брегот на Егејското Море се повлече за повеќе од 200 метри, објавија турските медиуми.
Морето се повлекува од 8-ми февруари, а денес се повлече за повеќе од 300 метри во областа Чешме и пристаништето Алачати, а нивото на водата во областа Дикили и Бодрум е намалено за повеќе од половина метар, оставајќи зад себе многу заглавени чамци, пишува Анадолија.
Иако граѓаните станаа вознемирени, поврзувајќи ја оваа појава со земјотресите во Санторини, експертите тврдат дека морската вода се повлекла поради силните северни ветрови и дека тоа е природен процес.
Д-р Мехмет Чавушоглу, член на Работната група за животна средина, биодиверзитет и климатски промени на Турската академија на науките (ТУБА) и проф. Д-р Доган Јашар изјави дека морската вода се повлекла поради силните северни ветрови кои достигнуваат удари и до 60-70 километри на час.
Јашар нагласи дека повлекувањето нема никаква врска со земјотресите во Егејското Море, велејќи дека нема причина за загриженост.
Забележано е и дека нивото на водата на реката Каршијака, која е живеалиште за многу птици, е намален.
Шефот на Катедрата за водни ресурси на Универзитетот во Мугла, д-р Џејхун Озчелик, рече дека морето во последните денови се повлекува по бреговите на Медитеранот и Егејското Море. Озчелик изјави дека земјотресите не се причина за оваа појава и дека нема потреба од паника кај граѓаните.
На брегот кај Мармарис поради повлекувањето на морето се формираа неколку нови острови, а морето се повлече и на плажите Узуњали и Ичмелер.
Морето се повлече и на околу 100 метри од брегот во Силиври кај Истанбул, во регионот Баликесир и во Дидим.
Беше забележано дека, како што водата се повлекуваше, на плажата се формираа острови од песок. Оваа појава, според експертите кои посочија дека причина за повлекувањето на морската вода на Дарданелите и на брегот на Анадолија е силен северен ветер, треба да трае до среда.
Ново на Сител
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
-

Мицкоски: Со 400 кV далновод од ТС „Битола 2” првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи
-

АРМ објави оглас за 300 нови војници
-

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата
-

Случај Ивана и Катја: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето
-

До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
-

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција
