-->
-->
Паника во Хрватска, Димитров позитивен на Ковид-19
-->
Веста дека најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров е позитивен на КОВИД-19, предизвика откажување на финалето на втората станица од „Адрија турнејата“ во Задар, но и предизвика многу бурни реакции колку беше умно да се организираат тениски турнири со гледачи, езгибициски мечеви кошарка и фудбал и средби со деца додека трае пандемијата со корона вирусот.
Последните информации од Задар велат дека сите кои биле во контакт со Димитров одат на тест за корона вирусот, вклучувајќи го и главниот организатор Новак Ѓоковиќ, но останува прашањето како властите во Србија и Хрватска дозволија организација на вакви настани, кога на пример фудбалските мечеви низ Европа се одвиваат со низа заштитни мерки, кои понекогаш изгледаат и претерани.
Реакциите на медиумите за веста беа во најмала рака брутални. Познатиот тениски новинар Бен Ротенберг прати низа пораки, од кои во едната сподели видео на кое се гледа како Ѓоковиќ, Димитров и другите тенисери се во ноќен клуб во Белград.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање