Свет
9. January 2019 - 9:31

Паника во Австралија, евакуирани конзулатите ширум земјата - сомнителни пакети со опасни материи испратени по пошта

Неколку странски конзулати во Мелбурн и Канбера се евакуирани денеска откако примија сомнителни пакети.

На сајтот на австралиската влада објавени е дека се забележани најмалку 10 инциденти со опасни материјали во Мелбурн, а полицијата, пожарникарите и амбулантните возила се наоѓаат пред дипломатските претставништва на Индија, Германија, Италија, Шпанија и Јужна Кореа.

Сојузната австралиска полиција соопшти дека се истражуваат сите околности врзани за овие инциденти.

Австралискиот јавен сервис соопшти дека сомнителни пакети се пронајдени и во конзулатите на САД, Швајцарија, Пакистан и Нов Зеланд во Мелбурн, но и во дипломатските претставништва на Грција, Франција и Хонг Конг.

Засега не е познато кои конзулати во Канбера добиле вакви пакети.

За телевизијата Еј Би Си од конзулатот во Нов Зеланд изјавија дека споменатите пакети имале ознака азбест, а дека во нив се наоѓала пластична кеса за сендвич со непознат влакнест материјал.

Овој инцидент се случи само ден откако во понеделникот делумно е евакуиран конзулатот на Аргентина во Малбурн по дојава за сомнителна супстанција.