Живот
8. November 2016 - 20:16

Паника на 9.000 метри: Змија над главата на патниците во авионот

Патниците на летот „Аеромексико“ се уплашија кога во кабината на авионот виделе змија.

Авиопревозникот од Мексико потврдил дека жива змија била пронајдена во авионот во недела попладне.

Летот 231 морал принудно да слета, за змијата да биде отстранета од авионот.

Ниту еден патник не бил повреден.