Панел-дискусија „Пристапност и достапност до контрацепција“

Панел-дискусија на тема „Пристапност и достапност до контрацепција“, во рамки на проектот „Млади за младинско застапување“ на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА, ќе се одржи денеска во Скопје.
На панел-дискусијата, како што информираат од ХЕРА, ќе бидат презентирани наодите на полето на еднаков и олеснет пристап до контрацепција.
– Панел дискусијата е замислена како можност младите да слушнат повеќе за работата која се прави во полето на контрацепција од засегнатите страни (Министерство за здравство, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Фонд за здравствено осигурување), и да ги искажат своите ставови и барања. Во изминатите шест месеци, ХЕРА млади спроведе проект кој разгледа истражувања од регионот и воспостави дека Македонија е во црвената зона кога е во прашање пристапот до контрацепција. За таа цел, на оваа панел дискусија ќе дискутираме како може и како ќе се подобри ситуацијата со контрацепцијата според Акцискиот план на Министерството за здравство, кој до 2020 година предвидува да има едно контрацептивно средство на позитивната листа, информираат од ХЕРА.
Проектот за младинско застапување е финансиран од страна на Меѓународната федерација за планирано семејство во рамки на програмата за зајакнување на способностите на младите.
Ново на Сител
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Каква козметика и играчки има во продавниците?
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
-

Во Струмица нов протест за почист воздух
