-->
-->
Пандов за РСМ: Сите кои ја сакаат својата земја треба да застанат позади Груевски
-->
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се тие позади кои што сите оние кои си ја сакаат својата земја треба сплотено да застанат и да изградат стратегија како понатаму, смета политичкиот аналитичар Александар Пандов.
Анализирајќи ги актуелните случувања, за РСМ, потсетува на предупредувањата за 63 пратеници.
“Сакам сите да ги потсетам дека ВМРО и Груевски беа тие кои предупредуваа дека Македонија се наоѓа во тешка политичка криза, дека отворена е пандорината кутија, дека Заев нуди се и сешто и има пазарено албанизација на Македонија, на нешто кое што најотворено беше укашувано дека ако ВМРО – ДПМНЕ ги нема 63 пратеници сите тие работи можат да бидат реализирани од Заев и албанските политички партии. Сега кога го гледам ерезултатот со 51 пратеник, мора да бидеме свесни дека Грувски сам и со неговата партија немаат магично стапче кое може да ги смени приликите. Приликите се такви, во координација со сценаристот , зборувано и зборувано досега многу пати. Тоа пак на ВМРО не му дава право да седи пасивно. Јас сакам да укажам на тоа дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се позади кои што сите патриоти треба сплотено да застанат и да изградат стратегија како понатаму“, дециден е Пандов.
Според Пандов во Македонија постои само еден национален лидер, а како што вели тоа е Груевски.
„Тоа го тврдам одповеќе причини. Првично затоа што сите резултати кои ги има направено како политичар се огромни. Тие никој не ги опсорува, но и во иднина ако некој се обиде, а ќе се обидуваат СДСМ и СОРОС но нема да успеат во тоа. А тоа се економските показатели, социјалните показатели. Тоа е нешто кое што на Груевски му два најголем рејтинг кај македонската јавност. ВМРО-ДПМНЕ под лидерство на Груевски има 10 победи од 2005 до 2016 и на последните избори на 11-ти декември во 2016 година ВМРО-ДПМНЕ пак победи и покрај сите притисоци и кампањи на СЈО“, појаснува Пандов.
Дали претседателот Иванов ќе го додели или не мандатот, Пандов вели дека тоа вомоментов нема ништо да смени.
„Како што Талта Џефери противсуставно и против законски беше избран, а меѓународната заедница го призна и му се обраќа како на Претседател на Собранието, исто ќе биде и со изборот на Влада, ќе ја признае и че комуницира“, заклучува Пандов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на АА
-
Меџити: Ова е почеток на крајот на Европскиот фронт, следува нов бран на дестабилизација во ДУИ
-
СДСМ: Божиновска должи одговори
-
Таравари за смртта на 14 месечното бебе - Лична одговорност мора да има!
-
На интернет измами најчесто наседнуваат луѓето со ниски примања, велат психолозите
-
ВМРО-ДПМНЕ: 250 евра за секој студент - 10 милиони евра фонд за бизнис за млади
-
Само 1% од вработените во ЈКП-ЈА се лица помлади од 35 години, а 65% постари од 55 години
-
Потребна е поголема поддршка на жените земјоделки