Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми
Пандемијата на коронавирус силно ја погоди австриската економија, па следната година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади компании, како и продолжување на трендот на висока невработеност.Поради короната, австрискиот јавен долг годинава ќе се зголеми од 70,5 проценти на 84 проценти од бруто домашниот производ (БДП), додека следната година ќе се зголеми на 84,8 проценти, а во 2022 година на 85 проценти.
За да се надмине корона-кризата, австриската Влада стави на располагање 50 милијарди евра, а добар дел од тие пари се обврски и одложувања на данок.
Во услови на економска криза, предизвикана од пандемијата на коронавирус, директорите за финансии на австриските компании се насочија кон намалување на трошоците и забрзување на дигитализацијата, што ќе резултира во многу компании дополнително да се намалат бројот на вработени во следните месеци, според истражувањето на „Делоит“
Дури 92 проценти од финансиските директори во следните 12 месеци им даваат приоритет на мерките за намалување на трошоците и проширување на дигитализацијата, додека аквизициите или зголемените инвестиции играат мала улога во нивните планови. Бројот на невработени во Австрија во моментов изнесува 413,24 илјади, што е за 71 илјади повеќе отколку во истиот период минатата година. Најголем број на невработени е регистриран во средината на април, како резултат на почетокот на пандемијата. Во тоа време, имаше 588,2 илјади невработени регистрирани во Службата за вработување.
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
