Македонија
6. March 2018 - 16:18

Панчевски даде исказ како оштетен за претресот во неговиот дом

Повеќе од два часа, поранешниот прв човек на Кривичниот суд Владимир Панчевски им објаснуваше на обвинителите од ОЈО, зошто претресот на неговиот дом, од страна на обвинителите од СЈО бил незаконски.

Како специјален предлог, во прилог на кривичната пријата, тој побарал да се направи ПРЕГЛЕД на целата комуникација меѓу судијката Злата Попова, која дала налог за претрес и обвинителката Катица Јанева, во деновите пред издавање на наредбата, за време на издавањето и по завршување на претресот.

Ваквиот чекор тој го оправдува со фактот дека и двете доаѓале од исто подрачје, од гевгелискиот Суд.

Панчевски соопшти дека дале предлог, за време на сослушувањето на Јанева и останатите обвинители,  да бидат присутни, тој и неговите адвокати.

Кривичната пријава, Панчевски ја поднесе по претресот на СЈО и полицијата  во неговиот дом, како дел од ИСТРАГАТА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА АКМИС СИСТЕМОТ.