Панчевски бара укинување на притворот, не добил решение дека е разрешен од функцијата судија
Поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје Владимир Панчевски на почетокот на денешното судење во кое му се суди за злоупотреба на АКМИС Системот побара да му се укине притворот оти до денес не добил решение по жалбата да биде разрешен од судиската функција.
Обвинителот во предметот рече дека имало таква одлука а за неа информирале медиумите.
Судијата кој го води предметот Валентина Ѓорѓиевска на почетокот на судењето на бројните новинарски екипи им забрани да ги користат телефоните за информирање на јавноста и побара да ги приложат на видно место на обвинителната маса.
Дополнително забрани телевизиските новинари во текот на судењето да излезат од судницата и известуваат во живо и објасни дека ако тоа го сторат немаат право да се вратат во судницата.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат
-
Никола Станишиќ им се поклони на жртвите во Кочани и победи во „Ѕвездите на Гранд“