-->
-->
Панајотопулос: Не знам зошто чекале, ако ги имавме тие два часа, планинарите можеби ќе беа живи
-->
Дел од интервју на директорот на ски-центарот „Ворас“ (Кајмакчалан), Танос Панајотопулос за Нова Македонија.
Неколку дена по трагедијата на Кајмакчалан во која животите ги изгубија Калина Велевска и Александар Миновски, екипа на „Нова Македонија“ беше на местото на настанот во обид да прибере што повеќе информации и да ја открие вистината за тоа што се случувало за време на акцијата за пронаоѓање и обидот да се спасат младите планинари. Разговаравме со директорот на ски-центарот „Ворас“, Танос Панајотопулос за тоа што се случувало во саботата попладне на 10 февруари на падините на Кајмакчалан. Ви пренесуваме делови од разговорот.
Во колку часот ја добивте информацијата дека планинарите се загубиле?
– Во еден и пол часот напладне.
Од кого ја добивте информацијата?
– За тоа нѐ извести еден господин, водичот на групата.
Колку време помина откако тие се загубиле до вашето примање на информацијата?
– Два часа. Времето беше лошо. Беше најлошиот ден во годината, особено за потрага.
Што се случи по известувањето на ски-центарот?
– Од 13.30 до 14 часот ги извадивме нашите луѓе со ратрaк да направиме првична потрага од половина час. Некои имаа обврски тука и во пет минути до два часот завршивме со првичната потрага. Во 14.05 ч. дојде полицијата.
Значи, во 11.30 ч. водичот на групата имал информација дека луѓето се изгубиле. Ви рекоа, во 11.30 ч.?
– Така ни рекоа – дека ја загубиле врската со нив од 11.30 часот. Може да било и во 11.15 ч., ѓавол да го носи… Тоа е проблемот, дека не кажаа, два часа поминале, не ми е јасно зошто чекале два часа.
…
интервјуто во Танос Панајотопулос во целост прочитајте го тука
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата