-->
-->
Палмер потпиша нов договор со Челси
-->
Англискиот репрезентативец Кол Палмер потпиша нов договор со Челси, пренесуваат англиските медиуми. Играчот од средниот ред имаше многу силна сезона со „сините“ и беше награден со договор со подобрени услови што веќе го потпиша.
Челси минатото лето го ангажираше Палмер од Манчестер Сити во трансфер вреден 47 милиони евра и тој веднаш стана водечка фигура на „Стемфорд Бриџ“. Одигра 45 натпревари на кои запиша 25 гола и 15 асистенции, што му донесе и повик во репрезентацијата на Англија за Европското првенство.
Кога се пресели од Сити, Палмер потпиша до летото 2030 година, но со новиот договор останува во Челси до крајот на сезоната 2032/2033.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.