Палмер: На Приштина и е потребна нова влада што ќе ги укине царините кон Србија и БиХ

Најважно е сега Приштина да добие што поскоро нова влада и таа влада да направи се што е потребно за да го продолжи дијалогот со Белград, вклучително и укинување на царините на стоки од Србија и БиХ, нагласи американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Метју Палмер.
„Се надеваме дека тоа може да се реши набрзо“, изјави Палмер во интервју за „Гласот на Америка“.
Зборувајќи за продолжување на разговорите Белград-Приштина, тој рече дека никој нема да биде принуден да стори нешто што не може да го стори, но дека САД би сакале разговорите „да се водат со добра волја и да одат кон договор што води до меѓусебно признавање на Србија и Косово и го отвора патот кон Европа “.
„Договорот што ќе се постигне мора да биде сеопфатен, мора да има политичка, безбедносна, економска, трговска, културна компонента, дел што се однесува на заштитата на имотот на СПЦ на Косово. Значи, мислам дека фокусирањето само на мапите и територијата е далеку од она што треба да значи сеопфатна нормализација. Што е нормализација – можат да го дефинираат само преговарачите, а тоа бара тие да се вратат на маса“, вели Палмер.
Во интервјуто Палмер нагласува дека се надева дека опозицијата во Србија ќе се откаже од бојкот на изборите и со властите ќе постигне договор за изборните услови.
Ново на Сител
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
