Палестинците убија четири лица во близина на еврејска населба
Вооружени палестински напаѓачи денеска отворија оган во близина на еврејска населба на окупираниот Западен Брег, при што загинаа четири лица.
Израелската армија соопшти дека убила еден вооружен маж и дека продолжува со потрагата по друг, но палестинските власти не ги потврдија овие тврдења.
Во соопштението на израелската служба за итни случаи, беше наведено дека во нападот на Палестинците се ранети уште четири лица.
На Западниот Брег, кој Палестинците го сметаат за дел од своја територија, во последните 15 месеци е забележан пораст на насилството.
Во понеделникот израелските сили убиле шест Палестинци, вклучително и еден тинејџер, а раниле повеќе од 90 за време на рација на Западниот Брег, која ескалирала во вооружен конфликт со Палестинците, во кој биле вклучени и израелски воени хеликоптери.
Ново на Сител
-
Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода
-
Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба
-
Денес продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Американскиот државен секретар на својот турски колега му ја изрази загриженоста од апсењата и протестите во Турција
-
Трамп: Можно е Русија и Путин да одолговлекуваат со мировниот договор
-
Најмалку 22 загинати во шумските пожари во Јужна Кореја
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Приведен дрвокрадец од скопско