Пакистан првпат истрела ракета од подморница, приспособена да носи нуклеарна боева глава
Пакистан првпат истрела крилеста ракета од морско тло, приспособена да носи нуклеарна боева глава, соопшти денеска пакистанската армија.
Ракетата „Бабур-3“, што е со досег од 450 километри, била истрелана од неодредена точка во Индискиот Океан.
Пакистанската армија наведе дека „Бабур -3“ е способна да носи различни боеви глави и дека со тоа на Пакистан ќе му обезбеди способност за нанесување сериозни удари.
„Бабур-3“ е модификација на поморско стационираната ракета „Бабур - 2“, што има и свое земјено стационирање и беше тестирана во декември.
Според пакистанската армија параметрите на ракетата вклучуваат податоци како контрола на движење под вода и модерни технологии за насочување.
Тестирањето веројатно ќе ги влоши односите меѓу Индија и Пакистан.
Двете соседни држави, кои се нуклеарни сили, дисега водеа три војни по независноста од Велика Британија во 1947 година.
И двете земји развија свои ракетни програми, откако во мај 1998 година спроведоа нуклеарни тестирања.