Пакистан е трета земја во светот по извршени смртни пресуди
Во Пакистан минатата година егзекутирани се 324 луѓе со бесење, со што земјата е на трето место во светот по бројот на извршени смртни пресуди, се наведува во извештајот на група организации за заштита на човековите права.
Пакистан кон крајот на 2014 година го укина мораториумот за извршување на смртни пресуди како мерка против екстремизмот, откако талибанците нападнаа училиште и убија 134 ученици и 19 возрасни лица.
Според организациите од вкупно 351 егзекуции, само 39 или околу 10 проценти, биле осудени за дела поврзани со екстремизмот или со терористички напади.
- Пакистан е трета држава по бројот на извршени смртни пресуди во 2015 година по Кина и Иран. Тие што се обесени, најчесто се сиромашни луѓе. Тешко е да се каже дека бесењето на такви луѓе ќе донесе поголема безбедност на Пакистан, посочи Фоа.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости