Пакети со храна за социјално ранливи семејства
Вработените од Општина Аеродром обезбедија пакети со храна, кои во соработка со Црвен крст – Кисела Вода им ги поделија на повеќе семејства од социјално ранлива категорија што живеат на територијата на општината.
Оваа хуманитарна акција се организираше по повод кампањата „Денот на гладот“, која годинава се реализира под мотото „Помислете и на нас…“.
Црвен крст на Град Скопје и општинските организации на Црвен крст ‒ Кисела Вода секоја година се трудат да обезбедат што повеќе средства од донатори со цел да бидат задоволени потребите со храна на голем број сиромашни семејства што живеат на територијата на Град Скопје.
Општина Аеродром заедно со своите вработени секогаш ги поддржува ваквите хуманитарни акции со цел да им помогне на оние граѓани на кои најмногу им е потребна помош.
Ново на Сител
-

Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
-

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
-

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-

Брнабиќ ја повика Студентската листа што поскоро да формира власт
-

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
-

Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк, разговаравме и за правосудниот испит
-

Клековски на 12. турски медицински светски конгрес: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори
-

Мерки претпазливост за приведените за милионски проневери во ФЗОМ
