Пајат: САД сакаат да ја видат ПЈРМ да напредува на патот кон НАТО
За Договорот од Преспа и позитивното влијание од него, во стабилноста на поширокиот регион, но и за желбата на САД да ја видат Македонија како напредува на патот кон НАТО говорел американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пајат на панел дискусија во рамките на третиот „Thessaloniki summit“, според текстот објавен од грчката новинска агенција.
АНА- МПА пренесува дека Пајат оценил оти Договорот од Преспа ќе оди напред, а историјата ќе биде многу благородна и дарежлива со премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.
На панел дискусијата со новинар од грчкиот весник „Катимерини“, Пајат рекол дека САД веќе гледаат позитивно влијание од Договорот од Преспа во поширокиот регион и ја истакнал желбата на американската страна, нашата земја да напредува на патот кон НАТО.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, според грчката новинска агенција АНА –МПА, Пајат рекол дека САД работат напорно за спроведување на договорот, во соработка со нивните европски партнери.
Американскиот амбасадор во Атина, истакнал дека Договорот од Преспа не е важен само од геополитички, туку и од економски аспект.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ