“Пајак” стигнува за еден месец во Кавадарци, ќе се става ред во паркирањето

Во Кавадарци ќе се става ред во паркирањето, а за еден месец треба да стигне и пајак возило, најавува кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Се работи на формирање јавно претпријатие за паркирање во општината и изградба на две катни гаражи. Од објективни причини досега не беа извршени измени во генералниот и деталниот урбанистички план и не беа изградени гаражите. Тие ќе почнат да се градат во наредната година. Општината го обележа целокупното градско подрачје за паркирање, ќе се обележи прва, втора и трета зона, појаснува Јанчев за МИА.
Градоначалникот нагласи дека засега, до крајот на годината, паркирањето нема да се наплаќа.
- Ќе биде тоа пробен период од три месеци. Ќе се отстрануваат само најнепрописно паркираните возила. Оние паркирани на пешачки премини, во тревници и слично. Пајак службата и јавното претпријатие ќе почнат да функционираат најверојатно од кај средина на ноември. Од февруари - март, се очекува и целосно решавање на проблемот со паркирањето, вели Јанчев.
Ново на Сител
-

Системската корупција и нејзиното влијание врз евроинтеграцииете низ очите на млад истажувач
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција „Сите за правично судење“
-

Политичка пресметка за РКЕ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во судир за Ацо Ристов
-

Собрание избра: Ненад Савески е нов државен обвинител
-

Поднесени 27 амандмани за законот за јавно обвинителство
-

Полицајците во контрола на Пулс, се воделе од препишан план
-

Една година затвор за насилникот што ја претепа бремената партнерка до онесвестување и ја будеше со вода за да продолжи
-

Превозот останува со иста цена, поскапеа маслото за јадење и јајцата
