Паѓа бројот на новозаразени од Ковид-19

Минатата недела се регистрирани сe 3.477 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е намалување за 8,7 отсто во споредба со претходната седмица. Направени биле 7.682 тестови, а процентот на позитивност се движел од 33,4 до 49,4, просечно 43,6 отсто.
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 8 до 14 август, најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, Неготино и Охрид.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група над 60 години, а најмал е бројот кај населението од 10 до 19 години.
Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 3.750 лица во хоспитални услови
или на домашно лекување, 16,9 отсто помалку во споредба со претходните седум дена. Регистрирани се 729 реинфекции, со намалување од 10,8 проценти.
Пријавени се 16 смртни случаи, идентично како и минатата седмица. Сите се починати во болнички услови, а кај 15 се регистрирани коморбидитети.
Во текот на минатата недела се хоспитализирани 52 лица, а моментално во болниците се лекуваат 199 пациенти, што е за 10,6 отсто повеќе во спроедба со претходната недела. Од нив 55 се на кислородна поддршка, а еден пациент е на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација
Заклучно со 14 август, во земјава се пријавени вкупно 335.451 случаи на Ковид-19. COVID-19. Оздравеле 322.468, а починале 9.424 лица. Активни во моментов се 3.559.
Досега се направени вкупно 2.136.393 ковид тестови.
Ново на Сител
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
-

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
-

АХВ го одзеде малтретираното куче, сопственикот ќе биде казнет
-

Најмалку 85 луѓе загинаа во САД како последица на снежната бура и ниските температури
-

Ердоган понуди Анкара да посредува помеѓу Иран и САД
-

Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот со ПССЕ: Ова е историски ден, рамо до рамот со денот кога се прогласи независноста
