Пафта-тока од колан од женска носија-сувернир на Куманово

Пафта-тока од колан од женска носија, изработена од керамика и пластика со вметнати филигрански мотиви е новиот сувенир за 2017-та година за општина Куманово, кој го избра петчлена комисија од секторот за локален економски развој, соопштија надлежните на денешната прес-конференција.
Најдобриот експонат е карактеристичен за кумановскиот регион и ќе послужи за промоција на Куманово и развој на туристичките потенцијали на градот. Авторот, арт-студиото „Сигнум“ има обврска да испорача шеснаесет експонати во вредност од 30.000 денари на општина Куманово. Претставниците на локалната власт кои ќе патуваат надвор од државата или гостите кои ќе доаѓаат во посета на Куманово, ќе добијат ваков сувенир.
- Ние навистина сме задоволни од изборот на сувенирот, а планираме и догодина да распишеме конкурс за да ги мотивираме и другите креативни занаетчии, оние кои можат да направат автентичен сувенир, со кој ќе ја збогатиме и туристичката понуда на општина Куманово и воедно да го поттикнеме и овој вид на занаетчиство, изјави раководителот на секторот Зоран Павловски и претседател на комисија за избор на сувенир.
За учество на овој конкурс се пријавиле шест автори со осум експонати.
Од општината се надеваат дека идната година ќе има поголем одѕив. Постапката за избор на сувенир се одвивала во две фази, во првата административна каде што членовите на комисијата избирале помеѓу шест експонати, а во вториот се вршело избор на најдобрите пет експонати.
- Имаше креативни решенија и останатите сувенири кои учествуваа на конкурсот ќе бидат земени во предвид, ако општината има потреба ќе ги откупи од самите автори, изјави Павловски.
Арт-студиото се занимава со производство на витражи, маски, други вид сувенири. Во рамки на програмата за привлекување туристи во општина Куманово, согласно која се реализираше и овој конкурс, испечатена е и брошура на англиски јазик во 350 примероци „Посети го Куманово“, како и флаер во 1.000 примероци кои ќе послужат за промоција на туристичките вредности и потенцијали на општината. За печатење на брошурите и флаерите средствата во вредност од 40.000 денари се обезбедени од Министерството за економија преку Секторот за туризам, за кој општината претходно аплицираше.
Што се однесува до повторениот конкурс за избор на фотографија на општина Куманово, Павловски информираше дека се пристигнати се фотографии од шест автори. На петти јули, комисијата ќе ги одбере најдобрите фотографии.
Ново на Сител
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Орбан: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“
-

Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд
-

Од раѓање до уништување: Животниот циклус на една планета
