Македонија
21. March 2020 - 14:01

Паднал ѕид, три деца повредени и пренесени во Градска

Вчера во 17,41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.“Ѓуро Ѓоновиќ“ три деца на возраст од 13,10 и осум години биле повредени по пад на ѕид, од објект во изградба.

Тие биле пренесени во Градската општа болница

“Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар констатирани им биле телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.