Македонија
21. July 2024 - 13:04

Падна системот на Евзони, со часови се чека на Богородица, Табановце и Дојран

На граничниот премин Евзони на влезот во Грција oд Македонија се создаде огромна колона од возила, долга дури и неколку километри. Паднал комјутерскиот систем на грчките погранични власти, велат заглавени патници.

Колоните се големи и за влез во Македонија. Се чека и повеќе од 3,5 часа. На граничниот премин Дојран времето на чекање е 2,5 часа. На Табановце пак за влез се чека повеќе од еден час.