Падна првиот снег на Пелистер
Утрово падна првиот снег на Пелистер, благодарност до нашите читатели кои ни ги испратија фотографиите.
Неделата која што е пред нас ќе донесе вистинко есенско време, но сеуште релативно топло, барем ако се земе во предвид дека станува збор за последната декада од ноември, пишува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.
Понеделник ќе биде поврнежлив во текот на вечерта и ноќта, пред се во западните и северните делови од земјата. Станува збор за дожд кој нема да има особен интензитет.
Во вторник во поголем дел од денот се очекуваат повремени врнежи од дожд во северната половина од земјата. Во крајниот западен регион врнежите ќе се интензивираат во вечерните часови.
Јужниот крај, иако облачен во текот на денот, врнежи очекува во вечерните часови.
Во среда потпаѓаме под ново циклонско влијание кое ќе донесе локално пообилен дожд. Врнежите ќе се интензивираат околу пладне и попладне. На планините, на надморска височина над 1700 метри се очекуваат снежни врнежи.
Овој циклон веќе во четврток рано наутро ќе се премести источно од нас, но тоа нема да значи и разведрување во четврток. Овој ден останува облачен, без особени услови за врнежи. Во вечерните часови потпаѓаме под ново циклонско влијание, послабо од претходното, барем во однос на количната на врнежи која ја очекуваме. Врнежите од ова циклонско поле ќе бидат застапени во петок. Повторно низините очекуваат дожд, а планините на височина над 1500 метри очекуваат снег.
Во однос на температурата, се очекува постепен пад, па така веќе во вторник во поголем дел од котлините се очекува максимална температура со вредност помеѓу 11°С и 14°С. Во среда ќе има пад на овие вредности за околу 3°С. Четврток очекува слична температура на среда.
Во петок очекуваме ново намалување на вредностите на температурата, па во добар дел од колините максимумот ќе биде во границите од 6°С до 9°С.
Утрата ќе бидат умерено студени, а температурата нема да се спушта под 0°С.
Веб сајтот исто така специјализиран за временска пргноза, Accuweather првите снежни врнежи во Скопје ги најавува кон средината на наредната недела кога се очекува дополнително намалување на температурите.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа