Пад на моралот на џихадистите на ИД
Според приштинскиот весник „Експрес“ кој се повикува на странски медиуми, во последно време видно е опаднат моралот кај припадниците на терористичката организација ИД.
- Тоа се случува како последица на нападите врз групите на ИД во кои е уништена голема количина на готовински пари. Исто така нападите на сојузниците го оневозможиле големиот профит од рафинериите за нафта, стои во написот под наслов „Еве колку се плаќаат борците на ИД, вклучувајќи ги и оние од Косово“.
Според документите на ИД, кои ги објавува германски „Билд“ во некои зони џихадистите добиваат само 50 долари месечно.
- Во овој извештај главна фигура е терористот од косовскиот град Качаник, Лавдрим Мухаџери, кој ја згрози јавноста со егзекуцијата на млади момчиња и држењето во рака на нивните глави,наведува весникот
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат