Живот
13. November 2018 - 15:04

Овој град го нарекуваат африканска Венеција: Стои среде езеро, а изграден е да спаси еден народ

Ганви е голема населба изградена на езерото Нокоуе, кое се наоѓа на еден час северно од градот Котоноу, наголемиот град во Република Бенин (западна Африка).

Во селото со генерации живеат припадници на етничката група Тофину во едноставни куќи од бамбус подигнати на езерото, а повеќет од нив се држат на само неколку столбови забодени на дното на езерото.

Поради ваквиот начин на живот, жителите на Ганви, кои ги има околу 20.000 ги нарекуваат Водениот народ на Бенин, а нивното село Африканска Венеција на столбови. Селото е многу популарно меѓу туристите.

Се верува дека ова село првпат е населени во 16 или 17 век, а неговите жители го изградиле на средината на езерото за да побегнат од моќното западноафриканско племе Фон. Во тоа време припадниците на Фон на Португалија и продавале робови од други племиња.

Тофину брзо сфатиле дека припадниците на племето Фон од религиозни причини не смеат да влезат во вода, ниту да ги напаѓаат луѓето кои живеат на неа, па така одлучиле темелите на својата населба да ги подигнат на средината на езерото.

Сите куќи, продавници и ресторани во селото се изградени на дрвени столбови, обично неколку метри над водата. Ганви исто така има пловечки пазар, а и еден комплетно парче земја на кое е изградено училиште. Во селото повеќето жители се занимаваат со рибарство и туриза,.

Некои селани одгледуваат и неколку припитомени копнени животни кои живеат на малите парцели трева кои се над водата.