Овогодинешниот август најтопол месец во изминатите 14 години во неколку делови на Грција

Овогодишниот август (исто како јуни и јули) се карактеризира со многу последователни денови со големи позитивни температурни отстапувања и беше најтоплиот август од 2010 година во северна и западна Грција, Јонското море и Пелопонез, со просечни месечни вредности до 1,8 степени Целзиусови над нормалните нивоа за сезоната, пишува порталот „Метео“ на грчката Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.
Според мрежата од 53 метеоролошки станици, во август оваа година просечната вредност на максималните дневни температури варирала на високи нивоа низ целата земја во споредба со просекот од 2010-2019 година.
Како што пишува „Метео“, континуирано позитивни отстапувања биле регистрирани низ целата земја од почетокот до крајот на месецот, а во северна и западна Грција, во Јонското море и на Пелопонез биле од шест до осум степени Целзиусови над нормалните нивоа за сезоната.
Од друга страна, мали негативни отстапувања имало само на островите во Егејското Море и на Крит.
-Во Атина, просечната месечна вредност на отстапување на температурата беше 1,2 степени, при што 25 од 31 ден во месецот беа потопли од нормалното за сезоната. Во Солун, 24 дена во месецот беа потопли од просечната вредност во периодот 2010-2019 година, каде просечната максимална температура во месецот се движеше околу 1,1 степен над нормалните нивоа, пишува „Метео“.
Ново на Сител
-

Пред пратениците предлогот за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

Трамп: Одличен ден за светскиот мир, ова може да биде „златна ера на Блискиот Исток“
-

Денеска е Велика среда
-

Пад на цените на нафтата по објавата на Трамп за примирје со Иран
-

Иран: Разговорите со САД ќе започнат во петок, во Исламабад
-

Без струја одредени делови од Скопје
-

Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
