Живот
17. May 2016 - 14:14

Оваа жена спиела со питон секоја вечер, но тогаш ветеринарот и кажал нешто што ја шокирало

Овој питон долг 4-ри метри одеднаш престанал да јаде. После неколку недели, мачни недели во кои газдарицата на сите начини се обидела да ја нахрани змијата, а таа одбивала,  ја однела на ветеринар.
 
Откако ветеринарот ја сослушал приказната на оваа жена, тој ја прашал: „Дали вашата змија спие со вас во ист кревет, ве обвива, или легнува многу блиску и се издолжува цела?“
 
Жената, изненадена, со многу надеж одговорила „ДА,да! Тоа го прави секојдневно и тоа ме прави многу тажна бидејќи гледам дека нешто бара од мене, а не можам да и помогнам.“
 
Ветеринарот со загрижен тон и одговорил..
 
„Госпоѓо, вашиот питон не е болен, тој се подготвува да ве изеде. Тој секој пат, обвивајќи ве, издолжувајќи се до вас, ја проверува големината на вашето тело. Тој не јаде, не затоа што не е гладен, само остава простор пред нападот за да може да ве голтне и да има доволно место да ве свари.“