-->
-->
Оваа жена само ја избричила бикини зоната, а потоа следувал вистински ПЕКОЛ!
-->

Дејна Седвик, мајка на три деца, решила да ја среди својата интима. Купила нов жилет, ги избричила препоните и така го направила најлошото нешто во својот живот.
Додека се бричела, со новиот жилет, Дејна се исекла на препоните. Ситното мозолче не се повлекло ниту по два дена, но таа знаела дека нејзината кожа често реагира на бричење.
Сепак, гадењето и вртоглавицата биле нешто на кое не била навикната. Отишла кај својот лекар, кој земал брис од препонот и и препишал антибиотик.
Дејна дошла дома и веднаш легнала во кревет, а нешто подоцна ја нашла нејзината ќерка Меган. Девојчето било шокирано, нозете на нејзината мајка биле прекриени со крвав осип.

Набргу пристигнале и резултатите, а таа морала да оди на операција. Но, тие не стигнале ни до болница ,а Дејна колабирала.
Ја пренела Брза помош. Нејзиниот сопруг Метју бил шокиран кога ја видел.
- Таа веќе немаше нозе. Тоа беше куп од црно и гнило месо - се потсетил сопругот.
Испитувањата покажале дека Дејна добила сериозна бактериска инфекција, која се нарекува болничка гангрена. Инфекцијата секогаш се поврзува со повреда, овојпат со рана од жилет, а предизвикува изумирање на меките ткива.
Лекарите немале избор, морале да ја доведат Дејна во индуцирана кома.
Таа била во кома девет дена, за тоа време лекарите и го отстраниле гнилото месо од нозете. Нејзиното тело се борело, срцето и застанало четири пати, бубрезите и откажувале. Шансите за живот биле мали, само 30 проценти.
- Кога се разбудив од кома, бев сигурна дека сум доживеала сообраќајна несреќа. двете нозе ми беа преврзани, - се сеќава Дејна.

Додека разговарала со докторот, тој и објаснил што се случило со неа, и рекол дека треба да е среќна затоа што е жива и дека поради бричењето нема да може да оди.
Тоа било во мај 2012 година.
До денес, Дејна имала 21 операција. Со поддршка од сопругот и децата таа почнала да оди со патерици.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровски езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид