-->
-->
Оваа актерка има 50 години и две деца и сепак има совршена линија
-->
Згодната Хали Бери е доказ дека не морате да поминувате часови во теретана за да имате совршена линија.
Хали Бери на својот профил на Инстаграм објави фотографија во црно бикини која за еден ден доби повеќе од 44 илјада лајкови, како и многу комплименти за беспрекорниот изглед на 50-годишната актерка.
Згодната Хали веќе долги години држи 25-минутен режим на вежбање кој го креирал тренерот на познатите Харли Пастернак. Тој опфаќа петминутни поврзани сетови на вежби за загревање, за горниот, долниот и средниот дел од телото и вежби за опуштање.
Оскаровката ги прави овие вежби пет пати неделно. Покрај тоа, се занимава со кикбокс, што е одличен спорт за зацврснување на мускулите на целото тело, како и за согорување на калориите.
Со оглед на тоа што има дијабетес тип 2, јаде храна со низок гликемиски индекс која е поделена во пет мали оброци во текот на денот. Нејзината исхрана е богата со белковини и органски одгледуван зеленчук. Многумина тврдат дека опуштеноста на актерката е клучна за нејзиниот одличен изглед. „Немојте да се сфаќате премногу сериозно. Смејте се на шеги на сопствена сметка и најдете начин да им се насмеете на сите препреки кои неизбежно ќе се најдат пред вас“, вели холивудската актерка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација