-->
-->
Ова се првите Македонци кои влегоа во реалното шоу „Големиот Брат“!
-->

Стојан Јакимовски од Тетово има завршено средно медицинско училиште, осум години бил полицаец, а и музиката била дел од неговиот живот. Денес, тој тешко живее, му помагаат неговите родители и пријателите. Неговата желба е да се врати во полиција. Има две деца, ќерка и син, но Центарот за социјална работа му забранува да се гледа со децата.
Тој мисли дека најдобро нешто што е создадено во светот е женскиот пол, па се одлучил да го промени полот и да се претставува како Андреа, да мислиме на поранешниот Стојан и поранешниот полицаец.

Андреа го одбра клучот со број 9, бидејќи тој број бил секси. Поранешната сопруга го паметела неговиот секс, бидејќи како што вели во тоа бил број 1.
Ја помина златната врата и се запозна со учезниците кои живеат во луксузниот дел од куќата.

Дарко Спејко Петковски доаѓа од Куманово. Тој е професионален фитнес тренер и фитнес модел.Со огледна на тоа дека бил и професионален кошаркар, сега има и училиште за кошарка. Во слободно време се занимава со цртање и пишување песни.

Го возбудуваат девојки во хеланки додека џогираат. Најважно нешто кај девојките му е задникот. Ако победи, 100 илјади евра одат во хуманитарни цели, како и за развој на невото училиште за кошарка.
Го одбра клучот број 4, бидејќи тој број го носеше на својата кошула, а потоа помина преку златната врата.
Дали Македонија ќе има уште некој натпреварувач во реалното шоу „Големиот брат“ останува да видиме вечерва на Сител телевизија во 21:00 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
