-->
-->
Ова на Фејсбук не смееше да се случи: Поради овој пропуст сите корисници се во опасност!
-->
Ананд Праксах на Фејсбук откри пропуст кои му овозможил да пристапи до сите профили на оваа социјална мрежа, но сепак овој пропуст и грешка веднаш ја пријавил на Фејсбук, па поради тоа добил награда од 15.000 долари.
Пропустот е поврзан со ресетирање на лозинката во моментот кога Фејсбук испраќа порака со ПИН кој се користи како привремена лозинка.
Корисниците привремената лозинка може да ја внесат и згрешат десет до дванаесет пати, но на Фејсбук страницата за програмери (на која се достапни сите профили како и на обичната страница) не е поставена таа сигурносна заштита, така што Ананад можел да внесува неограничен број на ПИН-ови се додека не го пронашол вистинскиот и на тој начин да пристапи до сите профили на оваа мрежа.
Доколку овој проблем го пронашол некој криминалец или хакер со сигурност сопственикот на Фејсбук, Марк Цукенберг би имал големи проблеми.
Од Фејсбук го потврди постоењето на пропустот до кој дошло поради промена на бета страницата неколку дена пред Праксах да го открие ова. Најпопуларната социјална мрежа на светот пропустот веднаш го поправила, а потврдено е дека не е забелeжaн ниту еден случај на негово користење и неовластен пристап на профилите на Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка