-->
-->
Ова мора да го прочитате ако пушите дома!
-->
Купување или изнајмување на стан или куќа во која живееле пушачи може да биде озбилен здраствен проблем отколку што можете да помислите, а научниците тврдат дека тоа може да го зголеми ризикот од заболување од рак зошто токсичните хемикалии многу долго се задржуваат во теписите, завесите, ѕидовите и намештајот.
Таканаречениот „Чад од трета рака“ претставува опасност за здравјето, поготово кај малите деца и луѓе кои кои се веќе имаат проблеми со здравјето.
Научниците откриле дека штетните остатоци на чадот од цигарите можат да навлезат во секоја порозна површина, поради што многу тешко можете да ги отстраните, а тоа значи дека луѓето можат да бидат изложени на опасни хемикалии дури иако никогаш не пушеле.
На Универзитетот во Сан Диего направиле истражување на влијанието на „чадот од трета рака“ на луѓе кои доаѓаат во контакт со него во изнајмени и купени куќи, возила за изнајмување, хотелски соби и казина.
Се покажало дека становите и куќите се вистински резервоари на загаденост од чад од цигари чие испарување се впива во ѕидовите. Гипсот, на пример, е дупка без дно за токсините, а слично е и со теписите и тапетите.
На овие опасни хемикалиите посебно изложени се децата поради своето истражување и допирање на се околу себе, лазење и ставање во уста различни предмети. Чадот од цигарите содржи илјадници хемикалии кои се таложат на различни површини, а многу од нив се токсични и канцерогени.
Бришењето прашина и усисивањето, како и бојадисување на ѕидовите не е доволно за да се ослободиме од наслагите од димот од цигарите дури и по неколку месеци откако во некои простории ќе се престане да се пуши.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница