-->
-->
Ова е супер-тимот на ЛШ
-->
Европската фудбалска унија (УЕФА) го избра најдобриот тим во Лигата на шампионите во последните 15 години. Во изборот на УЕФА се наоѓаат фудбалери кои најчесто биле наградувани во изминатата деценија и пол.
Овој избор на УЕФА ќе покрене лавина на реакции и коментари, бидејќи меѓу 18-те избрани нема неколку фудбалски величини како Оливер Кан, Паоло Малдини, Рајан Гигс, Раул, Луис Фиго, оригиналниот Роналдо, Андриј Шевченко, Дејвид Бекам, Френк Лампард...
Според УЕФА во првите 11 се наоѓаат Икер Касиљас на голманската позиција, потоа во одбраната Филип Лам, Карлес Пујол, Алесандро Неста и Серхио Рамос.
Редот за врска го формираат Андрес Иниеста, Чави и Стивен Џерард, а во нападот се Тиери Анри, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Во овој, може да се нарече храбар избор на УЕФА, на клупата се резерви се наоѓаат вистински легенди на светскиот фудбал: Џиџи, Буфон, Џон Тери, Павел Недвед, Зинедин Зидан, Кака, Роналдињо и Златан Ибрахимовиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Мислам дека Русија по грешка го гранатираше центарот на градот Суми
-
Полицијата го пронајде девојчето кое вчера се оддалечило од дома
-
Блокади во Софија поради протест на транспортните работници
-
Трамп ќе почне истрага за влијанието на кинескиот увоз на електроника врз националната безбедност на САД
-
Без струја делови од четири скопски општини
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО