Ова е профилот на напаѓачот на Кристина: Фото-робот открива како изгледа крвникот кој го бара полицијата

Полицијата во Белград и понатаму трага по момчето кое поради 10.000 динари кои биле во касата во бензинската пумпа, пукал во главата на Кристина Каплановиќ (19) од Нова Варош. Врз основа на снимка од безбедносните камери, изјави на колегите на Кристина и очевидци, инспекторите направиле фото-робот на напаѓачот по кој трагаат.
Инаку лекарите на Ургентниот центар се уште се борат за животот на Кристина.

Студентката Кристина Каплановиќ работела на пумпата за да го плати своето школување, а во моментот на нападот била со уште двајца колеги, кои за среќа не се повредени.

- Колегите на ранетата девојка дале изјави во полиција. Тие детално опишале како изгледал напаѓачот. Инспекторите успеале да ги обезбедат и снимките од безбедносните камери, на кои се гледа крвникот. На вештачење се однесени предмети и снимка од претходниот ден бидејќи постојат сомневања дека напаѓачот ја посетил пумпата за да надгледува ситуацијата пред грабежот - објаснува извор од истрагата кој додава дека напаѓачот не земал ниту динар од касата откако пукал во девојката.

По грабежот и пукањето, напаѓачот избегал преку блиската шума и ниви, од каде и дошол до пумпата. Пиштолот не е пронајден.
- Се надеваме на апсење бидејќи крадецот најверојатно е од околните места. Веројатно се работи за наркоман - наведува извор од истрагата.
Ново на Сител
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, во текот на денов врнежи од дожд, наместа пообилни
-

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026
-

Лишени од слобода две лица поради бегство од затвор
-

Иран е претпазлив во врска со разговорите со САД за завршување на војната
-

Папата Лав се надева дека Трамп бара „излезна рампа“ за војната со Иран
-

Први април – Ден на шегата: Скопје во знакот на хуморот, маските и карикатурата
-

Лагард: Последиците од војната со Иран ќе бидат долготрајни
-

Сиљановска Давкова и Милатовиќ ќе одржат предавање на Правниот факултет при УКИМ
