-->
-->
„Ова е пила за бирократијата“ - Маск доби подарок пила за ''кратење на администрацијата'' | ВИДЕО
-->
Илон Маск, кој го предводи американското Одделение за владина ефикасност (DOGE), зборуваше на конференција во Националното пристаниште во Мериленд, држејќи го подарокот што претходно му го подари аргентинскиот претседател Хавиер Милеј – моторна пила.
„Ова е пила за бирократијата“, рече Маск, кревајќи ја пилата во воздух, пренесе Ројтерс.
На црвената метална пила е изгравирана порака од аргентинскиот лидер на шпански: „Viva la libertad, carajo“ или „Да живее слободата, по ѓаволите“.
Маск предводи значителни кратења во американската влада, што влијае на банкарските работници и десетици илјади други државни службеници.
Американската даночна управа во четвртокот известила 6.000 вработени дека ќе бидат отпуштени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот