Живот
11. October 2018 - 13:28

Ова е најтажната приказна која го крши срцето: Тој ден требаше да се венчаат, а таа ја облече венчаницата и отиде на гробишта

Трогателна и помалку морбидна приказна пристигна овие денови од САД.

Џесика Паџет отишла на гробот на својот вереник Џејмс Марфи во венчаница и со „сватови“ на денот кога требало да се венчаат и клечејќи на неговиот гроб му одаде почест.

 

Нејзиниот вереник, инаку пожарникар, загина минатата година во сообраќајна несреќа која ја направил неговиот колега пожарникар кога тргнувале на интервенција.

Возачот кој бил толку пијан се забил во три паркирани автомобили. Џејмс загинал, додека неговиот колега останал непореден. Џесика собрала сили и на 29 септември ја одржала церемонијата на „венчавање“ заедно со потесното семејство.

Го зела противпожарната облека на Џејмс, а кумата и неговиот кум одржале говор.

Потоа запалиле лампиони и ги пуштиле во небо над гробот на Џејмс.

Фотографиите од „венчавката“ брзо се проширија на социјалните мрежи.