Живот
24. November 2015 - 10:38

Ова е најмладиот автомеханичар во светот

Запознајте го петгодишниот Финикс, кој секогаш е подготвен да се справи со дефектите на автомобилот на таткото.

Овој „механичар од градинка“ одлично се снаоѓа во гаража, а во новата снимка можеме да го видиме како работи на пневматиците на Тојота „Корола“ од 2001 година.

Иако овој мал автомеханичар и понатаму се плаши од бучавата која го прави шрафот кога паѓа на подот на гаражата, неговото мешање околу автомобилот секако е инспиративно.

Финикс мора строго да ги почитува правилата на неговиот татко, како што се оние дека не треба да користи ротациони алатки за сечење.

Секако може да се забележи дека снимката е доста едитирана и дека таткото многу работа завршува зад камерата, па сепак, очигледно дека „автомеханичарот од градинка“ покажува завидно интересирање и умешност во работа на автомобили.