Ова е местото каде што 72 годишник го уби 34 годишниот сосед па се самоуби | ВИДЕО
Утрово вест за убиство и самоубиство ја потресе демиркаписката и Тиквешката јавност.
72 годишниот демиркапиец и претходно го пријавувал младиот сосед (34) за тропање од горе, денеска двајцата се пронајдени со прострелни рани, информираа од МВР во врска со убиството и самоубиството во Демир Капија.
– Последното пријавување е на 19 јануари годинава. Повозрасниот го пријавил помладиот, со поплака за тропање. Нарушени меѓусоседски односи, без некои инциденти, без контакти. Помладиот бил повикан и бил предупреден, како што е ред, кога има поплака. Соседи, смирете се, во таа смисла. Бил извршен разговор со него. Тепачки никогаш немале, појаснија од МВР.
Претходно, МВР излезе со информација, дека демиркапијците со прострелни рани се на возраст од 72 и 34 години.
– Денеска во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид, соопштија од МВР.
Повеќе детали во вестите во живо во 16:00 на Сител Телевизија.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје