Ова е македонската Ѓулсерен: Водат ист живот – во богатство, но и сиромаштија
Турската хит серија „Парампарче“ за експресен период стана една од најпопуларните во Европа и Азија, а актерската екипа доживеа огромна популарност.
Оваа серија за разлика од сите досегашни кои биле емитувани на домашните национални телевизии, е многу поскапа, современа, динамична, со необично сценарио и одличен кастинг на актери. Македонската публика на „Парампарче“ има можност да ја следи серијата со синхронизација, но перфектно доловена од нашите актери кои ги позајмуваат гласовите.
Веројатно не знаевте, но зад улогата на Ѓулсерен стои нашата позната актерка Зорица Панчиќ, која како и актерката Нургул Јесличај има професија што постојано ја води низ нови животни улоги, во богатство, но и сиромаштија.
За актерите синхронизацијата најчесто е предизвик, а за Зорица – секогаш одличен избор за улога. Зад неа стојат и бројни театарски улоги, има снимено повеќе ТВ филмови, народни приказни, го позајмува „гласот“ за рекламни спотови, синхронизира цртани филмови, па токму поради тоа не ја заобиколуваат ниту наградите.
Харизматична, убава, силна жена и мајка полна со љубов… таква е Ѓулсен која на екраните ја донесе Зорица, улога што можеби нема да и донесе толкава слава како на турската колешка Јесличај, но нејзиниот глас дефинитивно ќе го запаметиме.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица