Ова е хирургот што пукаше во својата вереница: Објави на ФБ дека се верил, дека е среќен и и пукал во глава
Со пукањето кое утрово околу четири часот се случи на Савски венац, кога угледниот пластичен хирург од ВМА Срѓан Цветановиќ (59) се самоуби, а пред тоа пукаше во својата девојка, актерката Ивана Панзаловиќ (30) и ја рани во глава, завршена е една бурна и долга љубовна сага.
Цветковиќ се развел од долгогодишната сопруга, исто така докторка во ВМА, токму поради младата Ивана. Тој набрзо по разводот почнал да живее со актерката, токму во станот во кој се случи пукањето.
Својата врска ја обелоденија и на Фејсбук, на 12 април годинава.
Двајцата тогаш беа среќни и вљубени, а на коментарот дека треба да се „налее“ оваа убава вест, Ивана одговори дека „се налева“ со неа, така што нема потреба да излегува и да се опива со други.
Само неколку месеци подоцна, на 7. август, двојката се вери.
И оваа информација ја објавија на Фејсбук.
Foto: Facebook/Srdjan Cvetanovic
Според коментарите може да се заклучи дека ова не било изненадување, очигледно сите знаеле за љубовта на оваа двојка и не било неочекувано што двојката за кратко време се верила.
Во еден од коментарите, Срѓан коментира дека Ивана „можеби е луда, но е магична, и дека во нејзиното лудило нема лажи“.
Можеби уште тогаш навестил дека повремено имаат одредени несогласувања и кавги, но сметал дека сето тоа може да се надмине.
На еден пријател кој го прашал дали тоа повторно се верил, напишал дека ништо не повторил, зошто првпат во животот се верил со жена од своите соништа.
Ивана исто така на својот Фејсук профил споделува слика на кои е среќна и задоволна, и јасно се гледа дека блеска.
Никој не може да ја претпостави причината за толку ужасен след на околности.
Полицијата и натаму ги истражува околностите под кои се случи инцидентот, а Ивана е на ВМА каде и е укажана потребната помош и не е животно загрозена.
Ново на Сител
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја