Џет-Сет
4. February 2019 - 20:53

Ова е една од најголемите бламажи на Мурињо: Португалецот влезе на хокеј па се спружи на мразот, му се смее целиот свет

Португалскиот тренер Жозе Мурињо ужива додека е без работа, талка низ светот и прави се и сешто.

По отказот добиен во Манчестер Јунајтед, коментираше натпревари во Азискиот куп, најавуваше некои премиерлигашки напревари, а потоа се префрли на хокеј.

Го прифати повикот од КХЛ (Континенталната хокеарска лига) да го додаде пакот на почетокот на натпреварот меѓу руските ривали Авангард и Омск.

По црвен килим дојде до хокеарите, го фрли пакот, се сврте и тргна назад... И тогаш се лизна и падна!

Оваа снимка за кратко време го обиколи светот и ги забави сите кои го видоа.