Ова цвеќе треба да го имате дома, носи среќа и го чува семејството од зло

Фикусот е билка која сите треба да ја имаме дома. Според Фенг Шуи билките се неопходни дома, а фикусот носи радост, среќа и хармонија.
Кога е сместен во југоисточниот дел на станот помага за благосостојба. Оние кои го имаат дома според Фенг Шуи ќе имаат среќа.
Сите сакаме да имаме чист и свеж воздух во нашите домови, а за да го постигнеме тоа најлесен начин е да употребиме домашни растенија за да ни помогнат во прочистување на истиот.
Важно е да ги намалите колку што е можно повеќе токсините. Тие го напаѓаат телото преку воздухот, облеката, козметиката, храната, водата, сапуните, шампоните, а ние не сме ни свесни за тоа.
Многумина не знаат дека особено во текот на зимските месеци, а и во текот на летото кога сите прозорци се затворени и се ладиме со клима уреди, воздухот во куќата не циркулира и не се филтрира доволно.
Тоа значи дека сите токсини во домот, од средства за чистење и слично, директно ги вдишуваме.
Затоа е важно да се осигураме дека воздухот во нашите домови е чист, а најдобар начин за тоа е со помош на домашни растенија. Покрај тоа, растенијата во домот исто така имаат и декоративна улога, а ја подобруваат и целокупната позитивна енергија.
Од сите растенија тестирани, фикусот исто така е најдобар во отстранување токсини и загадувачи од домовите, а особено е добар борец против формалдехидот.
Ново на Сител
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
-

Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
-

Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста
-

Андоновски: Нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани, се олеснува пристапот до услугите на институциите
