Отворено писмо на Харадинај до Курти: Не укинувај ја таксата, те молам

Досегашниот премиер на Косово Рамуш Харадинај му се обрати на неговиот наследник на чело на Владата Албин Курти со отворено писмо во кое го моли да не ја укинува таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.
На почетокот од писмото што го објави на Фејсбук, Харадинај му оддава признание на Курти за пожртвуваноста во минатото и го моли да не го дозволува, како што вели, „пазарот од 400 милиони евра за Србија“, државата која го пикна во затвор, го тепаше и тортурираше.
– Ние може да не се согласуваме за многу работи од дневната политика, но твојата жртва секогаш сум ти ја признавал. Поради таа жртва сакам лично да те замолам да не ја укинуваш таксата кон Србија. Албин, не дозволувај го пазарот од 400 милиони евра за Србија, државата која те тепаше и тортурираше. Државата која со парите на народот на Косово купува оружје во Русија, напиша Харадинај.
Тој бара од Курти „да не ја камуфлира суверената одлука“ на неговата влада за таксата „со магливи термини како што е реципроцитетот“ и му порачува да не се повлекува „за неколку привремени поени“ кои може да ги добие од меѓународната заедница.
– Преиспитај ја одлуката, Албин. Ние можеме да продолжиме да не се согласуваме. Поради тие несогласувања суверенот ја донесе одлуката на 6 октомври, но оваа тема е поголема од една шака гласови. Албин, ние двајцата сме поминале низ тешки патишта. Ние се натпреваруваме и ќе го продолжиме политичкиот натпревар. Не сме стасале дотука како Косово со привремени тактизирања, туку со пожртвуваност и опстојност. Во спротивставувањето на Србија треба да бидеме заедно до меѓусебното признавање, а не да бидеш за некаков „реципроцитет“ без признавање, пишува Харадинај во отвореното писмо.
Курти, кој беше избран на чело на новата косовска Влада минатиот понеделник, на 3 февруари, најави дека спорната такса на српскиот увоз ќе ја замени со, како што вели, „целосен политички, економски и трговски реципроцитет“ кон Србија.
Ново на Сител
-

Ќе се спроведе стручен надзор за породувањето на Станка која остана неподвижна со вклучен експерт од соседството
-

Германец со дрон снимал караула на АРСМ во Радожда
-

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот
-

Санација на детските игралишта и урбаната опрема низ Кисела Вода
-

11-годишно дете од Долнени пријавено за иcчезнато
-

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба бадентер, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите
-

Регистрирани осум пожари на отворено - пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
-

Следната учебна година ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку
