Отворено 5. издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримОН“
Под провокативниот наслов „Република Депонија“ синоќа во Струга беше отворено петтото издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримOН“.
Предвидено е во рамки на петдневната програма на манифестацијата да бидат понудени бројни интересни содржини, од дебати, изложби, филмски проекции, преку тематски работилници и панел-дискусии на актуелни теми, се до театарски претстави и концерти, од кои се очекува да го привлечат вниманието на стружани и на бројните гости кои тука го минуваат летниот одмор. Дел од фестивалот во Струга ќе бидат концерти на звучни имиња од таа уметност, почнувајќи со настапот на белградската електро-поп уметница Сана Гариќ, преку концертите на групите „Фолтин“ и „BAD COPY“ до ди-џеите „De: Sonanz“, „Ardimann“ и „Natty Fiyah SS“.
Фестивалот што се одржува во и околу Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга стартуваше токму со панел дискусија поврзана околу проблемот со струшката депонија, под наслов „Отпадот не е ѓубре - проблемот со струшката депонија треба да се лечи, а не да се спречува“.
Панел-дискусијата, организирана во соработка со граѓанската иницијатива „Доста“ и со еколошкото здружение „Еко-свест”, беше осмислена да ја стимулира публиката првпат отворено да зборува за мониторингот и надзорот на депонијата и нејзиното менаџирање.
Програмата за денеска предвидува изложба на фотографии „Пристапност”, организирана во соработка со Шведската амбасада во Скопје на која публиката ќе има можност да види 25 портрети кои ги претставуваат, не само предизвиците, туку и успесите на лицата со попреченост во Шведска и во Македонија.
Вториот фестивалски ден ќе биде заокружен со проекција на шведскиот филм „Како да ги врзам врвките” во режија на Лена Копел, базиран врз вистинска приказна за театарската група „Среќен Худик“. Во кино-зоната ќе биде прикажан и филмот „24.док“ на Јане Алтипармаков направен како дел од проект на Здружението за поддршка на деца и млади со попреченост „Сината птица“ .
Овогодинашното издание на „ДримОН“ се одржува под мотото „Градиме нови генерации”, што претставува простор за изразување и активизам за новите, но и за некои заборавени струшки генерации.
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија